381
Поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев во интервју за ТВ 24 дека Бугарија нема да става вето на патот кон првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ.
– Јас мислам дека тоа нема да се случи. Бугарија секогаш ја поддржувала Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон мирен, демократски и европски просперитет. Агендата на Софија кога Бугарија беше претседавач со Унијата го отвори патот на Земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Бугарија прва ја призна Македонија. Ние сме братски народ. Некои политичари можат да зборуваат како ќе решат, но вистината е дека Бугарија е голем адвокат на соседите, ние сакаме просперитет, а тоа е возможно само со влез во ЕУ, изјави Плевнелиев.