Плевнелиев: Само кога С.Македонија ќе ги смени учебниците може да се зборува за некаков напредок на Комисијата за историски прашања

од Vladimir Zorba

Претседателот на Република Бугарија во периодот 2012-2017 година, Росен Плевнелиев, несогласувањата во коалицијата за бугарскиот став за Северна Македонија ги оцени како „пробив во националната безбедност“.

„Зборовите на бугарскиот министер за надворешни работи дека земјата има две надворешни политики се јасен и жив доказ за начинот на владеење со Бугарија во овој возвишен, историски момент“, рече Плевнелиев во студиото на „Денот започнува со Георги Љубенов“.

„Тогаш, кога треба да го браниме идното членство на Бугарија во еврозоната, да го одбраниме достојното место на Бугарија во ЕУ и НАТО, кога треба да се бориме за нашиот национален интерес – некаква правда во случајот со Северна Македонија, постои апсолутна поделба. Тоа не прави слаби, изолирани и практично невозможни да и служиме на нацијата“, додаде тој.

Плевнелиев ги коментираше двете надворешни политики на Бугарија за кои вчера zboruva[e министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

„Не е чест на Владата, со оглед на тоа што има консензус во општеството и одлука на парламентот, да делува зад сцената за прашањето за РСМ. Доказ за тоа зад сцената е што Генчовска не знае што прават премиерот и неговите советници“, категоричен е Плевнелиев.

Тој нагласи дека политиката за РСМ треба да се стави на маса, а не да одлучуваат некои советници.

„ЕУ е унија на вредности. И ако овие вредности се владеење на правото и човекови права, Бугарија мора да добие гаранции дека мора да се почитуваат Договорот за пријателство и добрососедство и правата на граѓаните“, рече претседателот Плевнелиев.

За работата на Мешовитата комисија за историски прашања, за која Петков тврдеше дека постигнала значителен напредок, Плевнелиев рече: „Напредок ќе има само кога ќе видиме некаква промена во нивните учебници. Тоа воопшто не се случи“.

Тој, исто така, не исклучи дека премиерот Петков дал некакви ветувања за брзо започнување на преговорите за РСМ со ЕУ без исполнување на условите на Бугарија. Во таа насока, Плевнелиев даде пример со публикација во авторитативното издание на „Фајненшл тајмс“, каде што може да се извлечат такви заклучоци од зборовите на Петков.

За него земјата запаѓа во хаос, кој е видлив и во политиката и во парламентот.

„Некои случајни луѓе, водени од омраза, влегоа во сите институции и избришаа сè што беше можно – вклучително и достигнувањата на бугарската надворешна политика: достојно бугарско претседавање со ЕУ и местото што го окупиравме. И тргнувајќи од тоа и доаѓајќи до фондовите на ЕУ, Планот за закрепнување – секаде гледаме уривање, рушење и уривање. Без конструктивност, без долгорочна мисла“, коментира Плевнелиев и истакна: „Не мислам дека овие луѓе имаат право и самодоверба да се нарекуваат „А“ тимот на Бугарија“.

Слични содржини