Бајден: Индија и Јапонија се „ксенофобични земји“, не сакаат да примат мигранти

од Milan1

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“ затоа што не сакаат да примат мигранти. Бајден  ова за време на говорот на настанот за собирање средства за неговата изборна кампања, во средата навечер, на донаторска вечера пред публика составена претежно од Азиски Американци., пишуваат тамошните медиуми. Бајден рече дека претстојните избори во САД се за „слобода и демократија“ и дека економијата на земјата напредува поради нив и многу други, „бидејќи САД ги пречекуваат имигрантите“.

„Зошто Јапонија има економски проблеми? Зошто Индија? Затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат мигранти, а тие се она што не прави силни, бидејќи имаме прилив на работници кои сакаат да бидат тука и сакаат да придонесат“, додаде американскиот претседател.

На овие зборови на Бајден досега не реагираа ниту јапонската ниту индиската влада.

Слични содржини