„Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, може да се соочиме со сценарио кое го гледавме 11 години.Тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Не дозволувајте Мицкоски да продава евтини демагогии за иднината. Сетете се како неговиот ментор од Будимпешта ја ограби и ја зароби државата. Сетете се на повеќе од пола милијарда евра народни пари потрошени за криминалниот проект Скопје 2014. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од фамилијата,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот митинг во Радовиш.
Тој посочи дека десничарска влада на чело со ВМРО може лесно да ги наруши меѓуетничките односи во државата. И се осврна на предизборната кампања, каде што Мицкоски и Силјановска наместо во натпревар на проекти и идеи ја претвориле во националистички скандирања и препукувања со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Испратете им јасна порака и на едните и на другите дека ниту еден граѓанин не сака да се вратиме повеќе од 20 години наназад и повторно да се распалат меѓуетничките тензии. Испратете им ја оваа порака на 8-ми мај затоа што само така ќе им покажеме дека Македонија има прогресивни и умни луѓе кои сакаат европска иднина, а не враќање во минатото на конфликти и војни,“ порача Ковачевски.
Затоа,потенцираше Ковачевски потребен е силен СДСМ во Собранието за да не се дозволи ВМРО повторно да владее неконтролирано и да се коцка со иднината, стабилноста и безбедноста на државата. Како и да гласаат за вистинските социјалдемократи.
„Јасно и гласно порачувам – никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да ја уназадува