Петковски: Сегментацијата на македонското општество ја започна ВМРО-ДПМНЕ

од Milan1
287 прегледи

„ДПМНЕ по дефиниција е демократска партија за македонско национално единство, што е анахронизам во денешни услови, да говорите дека ни треба такво единство. Тие не говорат за единство на граѓаните“ вели поранешниот политичар Тито Петковски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додава дека едниот национализам, кој сега го прави ВМРО-ДПМНЕ, директно го поттикнува и другиот национализам што може да се види по настапите на Али Ахмети и ДУИ.

„Таа етнизација или сегментација на македонското општество на етничка основа ја започна токму ВМРО-ДПМНЕ“ рече Петковски.

Тој додаде дека кулминираат етничките препукувања во моментов што на моменти не е сигурен дали на 8 мај ќе се одржуваат избори или ќе одиме во војна.

„Има поттикнување на националистички идеи и односи во македонското општество. Тоа не може да не резултира со конфликт“ рече Петковски.

Слични содржини