„Support Kocani“ обезбеди креми од над 1 милион денари за лицата погодени од пожарот во „Пулс“

Средствата за набавката се обезбедени преку донации од граѓани и компании, а дел од процесот е реализиран со поддршка од аптеките кои овозможиле значителен попуст

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Support Kocani

Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари.

Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со изгореници.

Од иницијативата информираат дека набавката е реализирана во директна комуникација со засегнатите лица и согласно нивните реални потреби, со цел да се обезбеди соодветна и навремена поддршка во процесот на закрепнување. Средствата за набавката се обезбедени преку донации од граѓани и компании, а дел од процесот е реализиран со поддршка од аптеките кои овозможиле значителен попуст.

Лицата на кои им се потребни овие препарати ќе можат да ги подигнат од младинскиот центар „Гнездо“ во Коачни.

-Оваа поддршка претставува уште еден доказ дека солидарноста и заедништвото имаат вистинска сила кога се најпотребни. Support Kocani останува посветена на помош и грижа за сите засегнати, сè додека постои потреба, велат од „Support Kocani“.

Слични содржини