Ванковска и сопругата на Апсиев контра Силјановска-Давкова: Празна демагогија по нотите на тој што ги свири

од Milan1

Кандидатката за претседател од Левица од првиот круг Билјана Ванковска во своја објава на Фејсбук упати критика до нејзината противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова поради нејзината изјава дека Лукоил бил руско влијание. Таа истовремено го прокоментира знаењето на Силјановска за Кина како скандалозно, па како резултат тоа нема да го даде својот глас за нејзе.

„Господе боже! Лукоил бил руско влијание и за Гога! Па таа и Пушкин ќе го укине! А за Кина немала поим! Ја читала американската мисионерка Перл Банк која живеела во Кина од пред речиси 100 години! Ајмеее!“, вели Ванковска.

На овој статус свој коментар даде и жена му на Апасиев која напиша дека Силјановска си го покажала лицето во Собрание и дека денес шири празна демагогија.

„Во Собрание си го покажа лицето. Сега е само повеќе од веќе виденото – празна демагогија по нотите на тој што ќе свири“, вели таа.

Ванковска во еден од коментарите вели дека тоа што во јавноста се вели дека се пријателки со Силјановска е медиумска мантра.

„Тоа е медиумска мантра дека сме пријателки… овде бевме и сме во идеолошка и политичка битка на различни страни. Јас напаѓам ФАКТИ, а не делам ad hominem квалификации. Ако за Кина знае од Перл Бак, тоа е скандалозно за претседателка на држава!“, додава таа.

Слични содржини