(ВИДЕО) Песочна бура во Анкара, шест лица повредени

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Ретка песочна бура ги погоди областите Отатли и Хајман во главниот град на Турција, во која шест лица беа полесно повредени.

Песочната бура ги погоди областите околу 15 часот по локално време, а претходно беше издадено предупредување за силен дожд и невреме.

Видеото споделено од канцеларијата на градоначалникот покажа голем беж облак од прашина што ги обвива зградите.

„Според првите извештаи, шест лица беа полесно повредени откако беа погодени од „летечки предмети“, рече гувернерот на Анкара, Васип Шахин, на Твитер.

„Засега нема веднаш извештаи за загуба на животи или имот“, додаде гувернерот на главниот град, како што објави турскиот весник „Хуријет“.

Ветерот оштети неколку покриви на куќи и згради, откорна дрвја, а граѓаните во паника бараа засолниште, пишуваат турските медиуми.

Слични содржини