Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека еден од врвните приоритети на МВР во претстојниот мандат ќе биде поставувањето камери по улиците за да се стави крај на дивеењето и брзото возење. Додаде и дека почнало опремувањето со т.н. „боди камери“ на полициските службеници во Скопје и Тетово. Со такви камери веќе се работи во автопатската полиција.

-Кога има камера која целосно го забележува настанот, многу поинаку се однесуваат и полициските службеници и граѓаните. Процесот за подигнување на свеста треба да почнува од најмала возраст, преку образованието и воспитувањето на децата, истакна Спасовски, уште еднаш најавувајќи строги санкции, без селективност.
Намерата на МВР, потенцира, е преку воспоставување ваков систем, сите да бидат еднакви пред законите.
Според министерот, безбедноста во сообраќајот, за жал, е еден од најголемите проблеми кој зависи од сите нас, граѓаните.