Пратеникот Костадин Костадинов, реагираше по обвинувањата до страна на Гордана Силјановска на собраниската говорница. Тој истакна дека Силјановска ја злоупотребила говорницата да зборува за неговите компетенции, веројатно мислејќи на образованието.

„Почитуваната колешка Гордана Силјановска Дафкова, на пленарна седница злоупотребувајки ја говорницата, се дрзна да зборува за моите компетенции, веројатно мислејки на моето образование. Јас нема да навлегувам во нејзиното… Искрено како морален човек растен и воспитуван во нормална фамилија, подобро послабо образование, наместо криминал со фришопови каков што има колешката Силјановска. Пс. Ова го пишувам овде затоа што согласно деловникот немам можност во Парламент да и одговорам на почитуваната лејди Фришоп Силјановска.“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ Костадинов.
https://www.facebook.com/kosta.kostadinov.18/posts/10219671925401806