Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дава поддршка во обезбедување на кворумот

од Берта Китинска
250 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ќе работи институционално, но нема да дава поддршка во обезбедување на кворум, нагласи Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија” за време на вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

– Јас уште на првата конститутивна седница реков „ако утрото по денот се познава, тешко е дека ќе имаме добар ден“. Новата Влада предводена од СДСМ има многу тенко мнозинство и тоа се гледа на сите седници што досега се одржаа”, нагласи Мицевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција укажа дека владиното мнозинство ќе има проблем во редовно функционирање на Парламентот од причина што 62 пратеника се малку за редовно одржување на самото Собрание и негова работа.

Слични содржини