Државната комисија за спречување корупција изнесе податоци од анкетните листови за имотната состојба на дел од новите пратеници во Собранието кои за прв пат стануваат и функционери.
Според она што може да се забележи, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во 2017 година купил стан од 65.000 евра од 60 метри квадратни во Скопје. Апасиев навел дека има кредит во банка од 3,46 милиони денари подигнат во 2016. Возилото марка Алфа Ромео 2007 година, е на неговата сопруга, и чини 155.000 денари.

Во 2018 година, секретарот за надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, купил ауди Q2 кое отприлика чини 30.000 евра а е пријавено како заеднички имот.
Кандидатот за претседател на ВМРО- ДПМНЕ на претседателските избор, професорката Гордана Силјановска-Давкова има завидни заеднички депозити во банка, од кои едниот е 55.688 евра и 3.508 долари на девизна штедна книшка, а другиот е 11.523 евра на девизна сметка.
Целосната листа на имотот на преостанатите нови пратеници во собранискиот состав може да се прочита тука.