Ѓукановиќ: Изборите покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Наша обврска е да продолжиме да ги унапредуваме демократијата, слободата, еднаквоста, човековите права и владеењето на правото. Да го охрабриме демократското учество, да бидеме транспарентни и одговорни, порача црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Твитер по повод 15 септември, Меѓународниот ден на демократијата.

„Неодамнешните избори го потврдија напредокот во демократскиот развој на црногорското општество. Тие покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија. И ја потврди важноста за зајакнување на демократските институции, вклучително и капацитетот за зајакнување на отпорноста кон бројните форми на манипулација и дезинформации. Само со целосно учество, одговорност и соработка можеме да ја зајакнеме довербата и да напредуваме кон целта највисоките вредности на демократијата да бидат реалност на секој поединец“, порача Ѓукановиќ.

Според официјалните резултати од парламентарните избори во Црна Гора одржани на 30 август, коалицијата „Одлучно за Црна Гора! ДПС – Мило Ѓкановиќ“ освои 30 мандати, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 27, коалицијата „Мирот е нашата нација“ десет, а платформата „Црно на бело“ четири места.

Социјалдемократите (СД) и Бошњачката партија (БС) ќе имаат по тројца пратеници, а Социјалдемократската партија (СДП) двајца пратеници. Албанската листа „Ник Џелошај – Генци Ниманбегу“ и коалицијата „Једногласно“ ќе имаат по еден претставник.

Вчера претседателот на парламентот на Црна Гора, Иван Брајовиќ закажа конститутивен состанок по повод свикувањето на првата седница на новоизбраниот парламент за среда.