Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, што започнува денеска, а поради пандемијата на КОВИД-19 оваа година сесијата се одвива виртуелно, без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Светската организација во Њујорк.

Пендаровски во петок преку видео-порака ќе се обрати на состанокот на високо ниво „SDG Moment 2020“, на кој е предвидено да биде разгледан напредокот на реализацијата на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации на глобално и на регионално ниво, во контекст на пандемијата на КОВИД-19.