Словенија: Рекордни 123 нови случаи на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
117 прегледи

Во последните 24 часа во Словенија биле тестирани 3.123 граѓани, а 123 се позитивни на Ковид-19, што претставува рекорден број на заразени лица во еден ден во таа земја.

Нема смртни случаи, но бројот на активни случаи се искачи на 975, објави агенцијата СТА.

Според официјалните податоци, хоспитализирани се 12 пациенти, така што во болниците има 61 пациент. На интензивна нега има 11 лица.

Во Словенија беа заразени вкупно 3.945 лица, а 135 починаа.