
На протест пред Владата против одлуката за враќање на работа од 23 септември утре излегуваат родителите на деца до шест годишна возраст, како и самохраните родители.
Тие бараат продолжување на отсуството до крајот на годината, односно промена на одлуката препорачана од Комисијата за инфективни болести.
На протестот се очекува да присуствуваат и родители од градови од внатрешноста.
Ќе бараат и оставка од новата министерка за труди социјлана политика, Јагода Шахпаска.
Претходно министерката, изјави дека со отворањето на градинките мерките за отсуство од работа на родителите и за продолжено породилно отсуство ја изгубија својата смисла.
– Според Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, градинките имаат капацитет и можат да згрижат уште деца, а целосното спроведување на Протоколот го сведува на минимум ризикот од ширење на корона вирусот, изјави вчера Шахпаска.