Филипче: Оваа состојба ќе трае и ние мора да најдеме начин да го продолжиме работењето и образованието

од Берта Китинска
121 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека секоја одлука која се  носи е во интерес на зачувување на јавното здравје и намалување на ризикот на заболување.

„Како министер за здравство, но и како родител, свесен сум за предизвиците со кои се соочуваат родителите во овој период. Знам дека не е лесно да се прилагодиме на сите промени и во работењето и во образовниот процес на своите деца. Но, оваа состојба ќе трае и ние мора да најдеме начин да го продолжиме и работењето и образованието на децата на нов начин. Тоа бара жртва и многу напор и за жал нема идеални решенија. Но, уверувам во име на здравствениот систем дека секоја одлука која ја носиме е во интерес на зачувување на јавното здравје и намалување на ризикот на заболување. Благодарам за досегашната поддршка и разбирање“, изјави Филипче за Канал 5.

Слични содржини