Според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа, забележани се три ново заразено лице и три лица оздравени од коронавирус во Кичево, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина моментално е 294 лица, од кои 28 се активни, 252 се излекувани и 14 лица се починати.
– Претходниве денови бележиме мал број на заболени од Ковид-19 и тоа придонесе да се спушти бројката на активни случаи на само 28. Во нашиот град од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 294 случаи на инфицирани од овој вирус, бројот на оздравени изнесува 252, додека бројот на починати е 14. Бидејќи и денеска нема никакви промени според податоците тројца новозаразени и тројца оздравени, што значи продолжува поволниот тренд, кој би сакале да продолжи и во наредниот период, со мал број на новозаболени и секако поголем број на оздравени случаи, вели д-р. Џабир Бајрами, директор на Здраствена дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.