Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ за поскапување на струјата

од Vladimir Zorba
194 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот повторно ќе протестира против поскапувањето на струјата. Протестот ќе започне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, па ќе продолжи по булеварот Партизански одреди, се до пред Регулаторната комисија.

„Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ“, велат во најавата од партијата на Мицкоски.

Инаку Регулаторната комисија за енергетика вчера соопшти дека нема да ја поништи одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, ниту прифаќа било кое од останатите три барања кои до неа ги поднесе опозициската партија.

Во одговорот испратен до ВМРО-ДПМНЕ, потпишан од претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, се наведува дека сите одлуки на Комисијата се донесени согласно законите.