
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека Русија за прв пат во својата модерна историја има најнапредни видови на оружје што може да ја заштити од какви било надворешни напади.
Во честитките до вработените и поранешните работници на наменската индустрија по повод Денот на руското оружје, Путин рече дека ова оружје е многу пати помоќно од сите постоечки во однос на силата, моќта, брзината и прецизноста, според ТАСС
„Никој во светот нема такво оружје, или барем уште не“, рече Путин.