348
Во последните 24 часа во Италија биле регистрирани 1.638 новозаразени со коронавирус, а 24 лица починале, објави тамошното Министерство за здравство.
Италија со 35.692 луѓе починати од последиците на „Ковид-19“ од почетокот на епидемијата е втора во Европа според стапката на смртност по Велика Британија.
Италијанските здравствени власти соопштија дека вирусот бавно се шири во земјата, но ситуацијата се влошува.
Сепак, ситуацијата е многу подобра во споредба со некои европски земји каде што дневно има повеќе од 10.000 заразени лица.