Трета жртва на ураганот „Јанош“ во Грција

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Ураганот Јанош, кој вчера ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија, во централниот дел на земјата. Спасувачите добија стотици повици од жителите чии куќи и продавници беа поплавени.

Централниот дел на Грција вчера беше погоден од ураганот, кога загинаа две жени од Фарсала и Кардитка, додека две лица се водат како исчезнати.

Официјалните лица денес објавија дека ураганот во Тесалија ја однесе и третата жртва, постар човек од Кастанија.

Тој починал кога врз него паднал покривот на куќата што ураганот го однел, пренесува порталот „Катимерини“.

Во општината Паламас, нивото на водата во градовите Влахос и Метаморфоди е на критично ниво, а критично е и во заедницата Калогријан, која е поплавена.

Како што се наведува, ураганот ќе влијае и на економијата во таа област, бидејќи земјоделците не стигнале да направат берба и ќе останат без производи.

Ураганот „Јанош“ го погоди западниот брег на Грција во петокот, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а во саботата стигна до централниот дел на земјата.

Слични содржини