
Министерот за економија Крешник Бектеши како реакција на лидерот на Беса, Билал Касами, кој вчера изјави дека приватните компании тереба да воведат двојазичност бидејќи дел дипломирани Албанци не говорат македонски јазик, му порача прво да ја прочита владината програма пред да дава изјави.
Бектеши повтори дека субвенционирањето нема да важи само за Албанците туку за сите заедници во зависност од структурата во компаниите.
– Со наредниот предлог буџет ќе разгледаме да креираме такви мерки. Тука не влегуваат само Албанците, се работи за сите етникуми во нашата држава. Ќе креираме такви мерки да го потикнеме и приватниот сектор да вработува и со тоа да го зголемува процентот на некоја од заедниците, ние со субвенции ќе го помогнеме. Министерството работи на новиот буџет и во зависност од консултациите и со стопанските комори ќе видиме, ќе важи за сите правни субјекти во Македонија – рече Бектеши.
Министерот не прецизира колку пари во буџетот ќе бидат наменети за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработуваат по етнички клуч, но додаде дека тоа ќе биде содржано во новиот буџет за идната година.