Германски професор за бугарскиот меморандум: Тоа е како Германија да им каже на Австријците дека се Германци

од Aleksandar Petrovski
170 прегледи

Професорот Улф Брунбауер, кој е раководител на Катедрата за историја на Југоисточна и Источна Европа на Универзитетот во Регенсбург, вели дека меморандумот е начин Бугарија да „изврши притисок со наметнување на националистички поглед кон историјата и културата на друга земја и нејзиниот народ“.

„Би било како Германија да им каже на Австријците дека се Германци или Данска да ги нарече Норвежаните како аномалија затоа што некогаш биле дел од нивното царство и затоа што нивниот стандарден јазик подоцна се развил и се одделил од данскиот“, изјави Брунбауер за Дојче Веле.