Врховен суд уште не го доставил предметот „Тенк” до кривичен

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Врховниот суд на Република Северна Македонија уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје, списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казна од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Вршителот на должност претседател на Врховен суд на РСМ, Фаик Арслани, за МИА вели дека сеуште се работи на предметот, односно дека се работи за комплексен случај.

– Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно по опширно образложение, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена, вели Арслани.