Се подготвуваат нови мерки за заштита од коронавирусот, најви денеска министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека се надева дека нема да дојде до нов карантин.
Комисијата за заразни болести размислуваат за воведување на задолжително носење заштитна маска на отворено, повторно ограничување на бројот на места за седење во угостителски објект и намалување на капацитетот на јавниот превоз.
Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме здравствениот систем“, рече министерот.
За овие мерки се размислува откако бројките со коронавирусот почнаа да растат во септември, за што Филипче, рече дека состојбата се влошува, најмногу поради непочитување на мерките кои се во моментов на сила.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078.