Ордановски: Mоето возило беше дигнато во воздух, бев цел на пропагандата на тогашниот режим

од Берта Китинска
234 прегледи

Меѓу десетината новинари и уредници, денеска во Кривичниот суд сведочеше и Сашо Ордановски за случајот „Таргет-Тврдина“.

Сашо Ордановски, рече дека од 2008 до 2015 година работел како новинар и дописник,а кога му бил даден матеруајлот со транскрипти му било кажано дека еден од пет најприслувани во државата, а бил и цел на следење.

– Не само што се чувствувам оштетен, туку имам и реална материјална штета. Ноќта меѓу 3 и 4 мај 2015 година беше дигнато во воздух мое возило во Бардовци. Потоа ја напуштив државата, бидејќи бев предупреден дека се спремаат и други работи против мене. Конечно низа други штети, бидејќи јас бев цел на пропагандата на тогашниот режим, изјави Ордановски.

Слични содржини