Шахпаска: Родителите имаа две седмици за да ги подготват своите деца за во градинка

од Берта Китинска
303 прегледи

Одлуката за отворањето на градинките беше тоа да се случи на 9 септември. Безпотребно беше да се отворат градинките, а  родителите да седат дома. Создадовме услови за да се згрижат децата  во градинките, изјави министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во Топ Тема на Телма.

-Донесени се протоколи по кои се примаат децата и обезбедени се услови. Родителите имаа две седмици за да  ги подготват своите деца. Ги разбирам мајките и моите деца беа однесени во градинка уште на осум месеци бидејќи јас  како лекар морав да се вратам на работа. Ние одговорно ја следиме ситуацијата на терен кога се правеше проценката ни видовме колку има услови за безбедно сместување, вели Шахпаска.

Таа напомена дека децата кои не одат во моментов во градинка да го отстапат местото на оние кои во овие моменти им е потребно.

Слични содржини