Бошковски примен на инфективна, му се влошила состојбата?

од Aleksandar Petrovski
364 прегледи

Ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошковски синоќа бил примен на Инфективната клиника во Скопје, откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

 

 

Медиумите состојбата на Бошковски ја оценуваат како комплицирана, но за ова нема официјална потврда.

Минатата недела тој соопшти дека е позитивен на ковид 19 и дека нема симптоми, па карантинските денови ги поминува во родниот Челопек, тетовско.