Критична фаза – поради одговорноста на повеќето Грци, бројот на нови случаи во земјата се стабилизира

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас оцени дека земјата е во критична фаза во борбата против коронавирусот.

Пецас изјави дека грчкиот народ треба сериозно да го сфати примерот со другите земји.

„Благодарение на мерките и личната одговорност и колективната зрелост на повеќето Грци, бројот на нови случаи во нашата земја се стабилизира на 300 на ден. Споредбата со Франција, но и со другите европски земји со слично население покажува дека Грција сè уште се бори против пандемијата подобро од другите земји, како во однос на бројот на заразени, така и според бројот на смртни случаи“, рече Пецас.

Слични содржини