234
По министерската позиција во министерството за внатрешни работи, Агим Нухиу од ДУИ, сега е заменик министер за правда.
Тој на својот Фејсбук профил објави фотографија со сегашниот министер за правда Бојан Маричиќ под која напиша:
„На телефонски нарачаната правда и е дојден крајот“
Во биографијата на Нухиу, стои дека тој е доктор на правни науки – Правен факултет – Универзитет во Тирана, Албанија, 2009-2013, магистер на правни науки – граѓанско право, Правен факултет – Универзитет во Приштина, Косово, 2001-2008; и магистер на правни науки – граѓанско право, Правен факултет – Универзитет во Тирана, Албанија, 2005-2007.Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово во 2001 година.