Почнува процес на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности

од Nikola Popovski

Заменик министерот за правда Агим Нухиу го најави почетокот на процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. При изработка на новото законско решение ќе бидат земени предвид искуствата на земјите во регионот и во ЕУ.

Измените имаат за цел да ја поедностават административната постапка за даночни олеснувања, подобрување на дефинициите на клучните термини и терминологијата .

„Како министерество за правда сме отворени за соработка со граѓанските организации со цел да се направи едно добро законско решение кое ќе биде од корист на сите . До Министерството за правда преку јавен повик објавен на веб страницата, сите заинтересирани субјекти може да дадат коментари и предлози за ЗДСЈД кои ќе бидат земени предвид од страна на работната група во насока на изработка на едно квалитетно, ефикасно и одржливо законско решение“, рече во своето обраќање заменик-министерот за правда Агим Нухиу.

Слични содржини