Корисниците на iPhone во невоља: Утринскиот аларм не ѕвони

од Илинка Илиоска

Apple вели дека работи на брзо поправање на проблемот поради кој некои аларми на iPhone престанале да репродуцираат звук, што им овозможува на нивните корисници неочекувано продолжено спиење.

За многу луѓе, нивниот телефон е неопходен будилник, така што некои кои се успале заради нефункционалниот аларм се појавиле на социјалните мрежи за да го изразат своето незадоволство.

Една корисничка на TikTok се пожали дека поставила „пет аларми“ и ниту еден од нив не се вклучил.

Apple потврди дека е свесен за проблемот – но сè уште не разјасни што го предизвикува, ниту што можат да направат корисниците за да го избегнат доцниот почеток.

Исто така, не е јасно колку луѓе се засегнати или дали проблемот е ограничен на одредени модели на iPhone, јавува Би-Би-Си.

Apple вели дека се надева дека брзо ќе го реши проблемот

Слични содржини