Рамчиловиќ до Пепиќ: Додека бевте на власт никогаш не се изборивте за бошњак во Влада

од Берта Китинска
346 прегледи

Екс потпретседателот на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ, реагираше по повод изјавата на Авдија Пепиќ кој рече дека тезата “едно општество за сите” важи само за избори и изборна кампања кога на СДСМ му се потребни гласовите на Бошњаците.

„Лицемерно е вие господине Пепиќ да кажувате дека е скандалозно што во составот на заменици министри нема ниту еден претставник од Бошњаците. Вие во три мандата бевте на власт, веројатно поради личниот интерес никогаш не се изборивте за бошњак во Влада, а ВМРО ДПМНЕ никогаш во својот владин состав немаше ниту еден Бошњак.Горд сум што изминатиот мандат во соработка со СДСМ имавме Заменик министер и технички министер во Владата од бошњачката заедница, а за првпат ова парламентарно мнозинство изгласа и потпретседател на Собранието од помалкубројните заедници и тоа Бошњак, а и во понатамошниот период Бошњаците ќе бидат соодветно застапени за разлика од времето кога вие бевте пратеник.Бошњаците со нивниот глас на 15 јули ви се заблагодарија за вашата грижа и јасно ви порачаа каде ви е местото на вас како политичар и на вашиот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ“, напиша Рамчиловиќ.

Слични содржини