
По информациите дека Владата до општина Центар уште пред изборите доставила барање за промена на деталниот урбанистички план „Мал ринг“, односно бришење на маркичките на Порта Македонија и неизградениот споменик на Мајка Тереза, од Владата потврдуваат за Телма дека упатиле вакво барање во кое и укажуваат на Општина Центар да ги преиспита овие решенија и да ги усогласи согласно со заштитата на културното наследство во градскиот центар, но без конкретни насоки.
„Со мислењето дадено до Општина Центар, Владата не укажува дека треба да се руши кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата кои се дадени и од Комисијата. Конкретно објектот Порта Македонија не попречува пешачки ниту моторен сообраќај, низ уличната мрежа скојдневно минуваат пешаци и возила, односно дозволена е непречена комуникација“, велат од Владата.