Ерменскиот премиер: Турција да не се меша во конфликтот во Нагорно Карабах

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Ерменскиот премиер Никол Пашинин апелираше до меѓународните организации да ги користат сите лостови на влијание за да ја спречат Турција потенцијално да се меша во конфликтот.

Покрај тоа, за време на своето обраќање пред граѓаните по повод последните случувања во Нагорно Карабах, тој предупреди дека ескалацијата таму може да се излее од регионот и да ја загрози меѓународната безбедност.

Тоа, рече тој, дефинитивно ќе ја дестабилизира ситуацијата во регионот.

„Ние многу добро разбираме дека режимот во Азербејџан може да започне криминални активности кон границите на Ерменија и да прибегне кон провокации, што би предизвикало нестабилност во целиот регион. Криминалното однесување ќе добие достоен одговор“, рече Пашинијан.

Посочи дека станува збор за војна објавена против ерменскиот народ, неговата слобода и независност.

Тој ги повика земјите на копретседавачот на Минската група на ОБСЕ да не дозволат ширење на конфликтот и да се прелее надвор од регионот.

„Подготвени сме за таа војна бидејќи сме свесни дека омразата што се промовира во Азербејџан против Ерменија не може да доведе до други резултати, туку до војна“, рече Пашинијан.