163
Американскиот претседател Доналд Трамп не плаќал данок во последните 10 години, во периодот од 2000 година, објави „Њујорк тајмс“.
Во годината кога победи на претседателските избори и во првите години во Белата куќа, Трамп платил само 750 долари данок на доход, наведува весникот.
Во извештајот на „Њујорк Тајмс“ се опишани годините на Трамп за затајување данок.
И покрај заработката од најмалку 434,9 милиони долари во 2018 година, Трамп пријавил загуба од 47,4 милиони долари во неговата даночна пријава.
На брифингот во Белата куќа, Трамп ја негираше приказната и рече дека плаќа многу данок на доход.
„Лажни информации, целосно измислени“, рече Трамп.