184
Децата имаат 44 отсто помали шанси да бидат заразени со коронавирусот отколку возрасните, покажа истражувањето спроведено од тим научници предводени од претседателот на Британскиот кралски колеџ за педијатрија и здравје на децата.
Тим научници прегледаа и анализираа 32 студии и открија дека децата и адолесцентите на возраст под 20 години имаат 44 отсто помали шанси да развијат секундарна инфекција на САРС-КоВ-2 отколку лицата постари од 20 години, пренесува „Ројтерс“.
Истражувањето наведува дека постојат прелиминарни евиденции дека децата помлади од 10-14 години имаат помала веројатност да бидат заразени со САРС-КoВ-2 отколку возрасните, како и дека адолесцентите се чини дека се приближно еднакво подложни на вирусот како и возрасните.