
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Русија треба да даде објаснувања за случајот со наводно труење на опозицискиот лидер Алексеј Навални или да ги сноси меѓународните последици, без да прецизира кои се тие.
„Ова е очигледно обид за атентат врз руски опозициски лидер на руска територија, со хемиски агенс so кој се манипулира во Русија. Затоа е на Русија да даде објаснувања“, рече Макрон на прес-конференција во Вилнус, пренесува Ројтерс.
Францускиот претседател додаде дека меѓународната заедница ќе мора да донесе одлука за последиците врз основа на тоа дали Русија ќе обезбеди информации до Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Макрон исто така посочи дека Европа мора да соработува со Русија во градењето мир на континентот.