Николовски: Јас и мојот тим целосно ќе се вложиме да ги подобриме институциите, но и начинот на однесување на носителите на јавни функции

од Nikola Popovski
129 прегледи

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски објави дека денеска го потпишал новиот Кодекс за етичко однесување.

„Членовите на Владата – министрите, се обврзавме на транспарентно и одговорно работење. Етичкиот кодекс ќе го потпишат и сите останати членови и функционери назначени од Владата, вклучувајќи ги и директорите на самостојни органи, директори и членови на одбори на јавни претпријатија, раководни лица во акционерски друштва во државна сопственост итн.

Како задолжен за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, јас и мојот тим целосно ќе се вложиме да ги подобриме институциите, но и начинот на однесување на носителите на јавни функции“, објави Николовски.