Асанж може да заврши во најозлогласениот затвор во САД

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж се соочува со најозлогласениот затвор во САД доколку биде испорачан, соопштија во судот во лондонскиот Олд Бејли.

Асанж, кој се бори против барањето за екстрадиција во САД, веројатно ќе биде испратен во федералниот затвор Супермакс во Фиренца, Колорадо, доколку биде осуден, изјави Морин Бирд, поранешен управител на казнено-поправниот дом во Њујорк, објави АП.

Таа рече дека Асанж веројатно ќе се соочи со најтешките затворски услови што Соединетите држави можат да ги наметнат, услови што доведуваат до бројни ментални проблеми, вклучувајќи вознемиреност и параноја.

„Според моето искуство, скоро три децениска работа во федералните затвори, би се согласил дека долгорочната изолација може да има сериозни негативни ефекти врз менталното здравје на затворениците“, рече Бирд.

Според неа, Асанж веројатно ќе биде под посебни административни мерки доколку биде испорачан на територијата на Соединетите држави, како во притвор, така и по казна, поради загриженост за националната безбедност во американската влада.

Според овие мерки, кои се во дискреција на државниот обвинител на САД и се користат за осудени терористи, затворениците го поминуваат поголемиот дел од денот затворени во своите ќелии без контакт со други затвореници и мал контакт со надворешниот свет.

Со оглед на веројатноста за барање за посебни административни мерки, Бирд рече дека единственото место за него ќе биде АДХ Фиренца, Колорадо, освен ако не дојде до сериозна промена во неговиот здравствен статус.