Бајден и Харис објавија даночен извештај за 2019 година

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Неколку часа пред неговата прва дебата со претседателот Доналд Трамп, кандидатот за претседател на Демократската партија, Џо Бајден, објави даночен извештај за 2019 година, а неговата кампања го повика Трамп, кој е на удар на критики поради тоа што не објави извештај за даночна пријава, да го стори истото.

Даночниот извештај за 2019 година беше објавен и за кандидатот на Бајден за потпретседател на САД, Камала Харис.

Даночната пријава на Бајден покажува дека тој и неговата сопруга Џил платиле повеќе од 346 000 долари даноци и други поволности во 2019 година и дека тие заработиле околу 985.000 долари пред да побараат отпис на данок од скоро 47.000 долари, за кој тврдат дека се преплатени на властите

Претходно, заменик-менаџерот на кампањата на Бајден, Кејт Бедингфилд, изјави дека „ова е историско ниво на транспарентност чија цел е да им даде на американскиот народ уште еднаш верба дека нивните водачи ќе се грижат за нив, а не за своите резултати“, објави Ројтерс.

Да потсетиме, првата дебата за претседателските избори се одржува во Охајо вечерва, и ова ќе биде една од трите за време на изборната кампања.