Германија од утре воведува нови мерки: Посебен третман за оние кои доаѓаат од Балканот

од Aleksandar Petrovski
605 прегледи

Бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус во Германија продолжува да расте, а за овој скок на бројки државните службеници ги обвинуваат луѓето што се враќаат од годишен одмор и со себе ја носат инфекцијата, а особено се на удар оние што се враќаат од Балканот.

Со цел да се изборат против новиот пик на вирусот корона, властите одлучија од утре да воведат нови мерки. За почеток, оние што се враќаат од „ризичните области“ ќе бидат под „будното око“ и нема да им биде дозволено да излезат од куќа. С. Македонија во Германија сè уште е позната како ризична област, а истата приказна е и за Хрватска и Црна Гора и Србија.

Имено, до сега, правилото беше дека секој што ќе се врати во Германија од области со опасност од корона, треба да има негативен тест за корона, кој не е постар од 48 часа. Доколку нема резултат, неговиот тест е правен при влегувањето во Германија, но тој мораше да ги чека резултатите изолирано. Од утре, а најдоцна до 15 октомври, секој што доаѓа од ризични области ќе мора да биде во домашен карантин најмалку пет дена. Тие можат да го избегнат овој карантин само ако имаат негативен тест за корона. Исто така, секој што влегува во земјата е должен да биде тестиран најдоцна во рок од 10 дена од денот на враќањето во земјата.

Исто така, мерките за карантин ќе варираат од провинција до провинција, така што на сите им се препорачува да дознаат кои правила се на сила во нивната провинција.

Регистрација при влез во Германија

Дигиталната регистрација на сите повратници во земјата ќе се воведе најдоцна до 15 октомври. Досега, патниците рачно пополнуваа специјални картички, а наскоро ќе треба да дадат детални податоци што ќе бидат внесени во базата на податоци и кои ќе бидат проверени за време на контролата, на пример на аеродромот или ако ги запре полицијата. Во исто време, овие податоци ќе бидат испратени до надлежната здравствена служба, односно здравствениот дом, каде што се лекува лицето. Секој што не се согласува дигитално да се регистрира, ќе мора да плати парична казна.

Само оние во транзит ќе можат да ја избегнат дигиталната апликација.

Нови правила за приватни забави

Донесена е и одлука за ограничување на приватните забави на отворено на максимум 50 лица доколку Германија продолжи да регистрира повеќе од 35 пациенти на 100.000 жители. Ако бројот на заразени надмине 50, автоматски нема да има повеќе од 25 лица на забавата на отворено.

Што се однесува до прославите во затворени простории, се препорачува да не присуствуваат повеќе од 25 лица. Овие правила варираат и од провинција до провинција, така што свадбите со 150 гости сè уште се дозволени во Северна Рајна-Вестфалија. Меѓутоа, доколку бројот на пациенти продолжи да расте, нема да смее да биде повеќе од 50 гости, а младенците, односно угостителскиот објект, ќе бидат обврзани да ја регистрираат прославата 14 дена порано.

Се разбира, секој ќе мора да приложи список за гости со информации.

Големи казни за лажни информации

Исто така, од утре секој што ќе остави лажни информации на списокот со гости откако ќе влезе во ресторан или во кој било друг угостителски објект, ќе плати казна од најмалку 50 евра. Во некои провинции, оваа казна може да достигне до 1.000 евра.

Меркел е загрижена, можни се уште поостри мерки

Да потсетиме, германската канцеларка Ангела Меркел пред два дена изрази загриженост за постојаното зголемување на бројот на пациенти.

Таа предупреди дека трендот е да се регистрираат 19.200 новоинфицирани лица на ден во Германија.

– Ако продолжиме вака, со овој тренд, тогаш ќе имаме 19.200 инфекции на ден. Тогаш е како во другите земји – предупреди таа на видео конференцијата на претседателството на ЦДУ.

Таа рече дека мора да се преземат мерки против локалните жаришта, бидејќи во спротивно Германија би имала броеви како другите земји за Божиќ.

Соодветно на тоа, се шпекулира дека Германија ќе воведе уште поригорозни мерки, доколку бројот на пациенти продолжи да расте.

Слични содржини