
Франција во четвртокот ја обвини Турција за испраќање сириски платеници да се борат во конфликтот во Нагорно Карабах и рече дека соработува со Русија во постигнувањето на примирје меѓу Азербејџан и ерменските сили.
Турција негираше испраќа платеници да учествуваат во конфликтот, пренесе Ројтерс.
„Претседателите Емануел Макрон и Владимир Путин се согласија за потребата од заеднички напори за постигнување на примирје“, се вели во соопштението на канцеларијата на Макрон, откако двајцата лидери разговарале по телефон.
„Тие исто така изразија загриженост за испраќањето на сириски платеници од страна на Турција во Нагорно Карабах“, се вели во соопштението.
Франција не достави докази за поддршка на обвинението за платеници, а Кремљ во соопштението тоа обвинение не е споменато.
Макрон, кој со месеци разменуваше обвинувања со турскиот претседател Ердоган, во средата рече дека Анкара се однесува како „да сака војна“.
Руското Министерство за надворешни работи во средата соопшти дека сириски и либиски борци од илегални вооружени групи се мета на нападите во регионот Нагорно Карабах.
Русија има воена база во Ерменија и ја смета за стратешки партнер.
Околу 600.000 луѓе во Франција се со ерменско потекло.