Ким го проверува ракописот на сите – сака да открие кој напишал навредлив графити на негова сметка

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Цело населено место во севернокорејската провинција Унсан мораше да помине низ неверојатна проверка бидејќи властите сакаа да откријат кој стои зад графитите кои го критикуваат режимот на Ким Јонг-ун.

„Долу членовите на партијата кои живеат добро искористувајќи ги луѓето“, се вели во графитот.

Истражителите го провериле ракописот на локалното население, а децата и возрасните морале да се потпишат со левата и десната рака.

Властите сметаат дека ова е директна критика кон лидерот Ким Јонг-ун, бидејќи се ближи 75-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија.

Локалните лидери го посетуваа секое домаќинство по наредба на одделот за безбедност и ги принудуваа децата и возрасните да напишат порака на хартија со молив, а потоа нивните ракописи беа испратени до безбедносните служби на земјата, изјави за „РФА“ еден од жителите на покраината, кој сакаше да биде анонимен.