Министерството за одбрана на Азербејџан денес соопшти дека ерменската артилерија од градот Степанакерт во Нагорно Карабах ракетирала два погранични града во Азербејџан – Тертер и Горадиз.
Министерството за одбрана во Баку соопшти дека азербејџанската армија возвраќа на ракетните напади од ерменската артилерија утрово, јави ТАСС.
Ерменското Министерство за одбрана објави видео на Фејсбук за последиците од гранатирањето извршено од азербејџанските сили врз Степанакерт, главниот град на самопрогласената република Нагорно Карабах.
Видеото покажува кратери по експлозијата на граната, урнатини на згради, автомобили закопани во урнатините.
Претходно беше објавено дека жени и деца го напуштаат Степанакерт поради гранатирањето. Скоро сите жители ги напуштија градовите Карабах, кои се на линиите за контакт со вооружените сили на Азербејџан, пренесува РИА Новости.