Избори во САД: Што ќе се случи ако претседателски кандидат се повлече од трката?

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Ниту еден кандидат на претседателските избори во САД досега не починал или морал да се повлече пред самите избори. Сепак, хоспитализацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, поради инфекција со коронавирус, само еден месец пред изборите на 3 ноември, покрена голем број прашања.

„Франс24“ пишува дека Трамп (републиканскиот кандидат) има 74 години, а неговиот противкандидат, кој наводно е со релативно добро здравје, Џозеф Бајден (демократскиот кандидат) има 77 години и е најстариот демократски кандидат во историјата.

Дали изборите ќе се одложат доколку претседателот ја напушти трката?

Мала е можноста изборите да бидат одложени доколку претседателски кандидат ја напушти трката.

„Не гледам дека би се случило такво нешто, мала е веројатноста за такво нешто. Тешко е дека демократското мнозинство би сакало да ги одложи изборите“, рече Капри Кафаро, поранешен демократски член на Сенатот во Охајо и сегашен професор на Американскиот универзитет.

Како што истакна таа, датумот на избори е законска категорија и тие секогаш се одржуваат во вторник по првиот понеделник во ноември. И Домот на Конгресот и Претставничкиот дом, кој има мнозинство демократи и Сенатот, кој има мнозинство републиканци, ќе треба да се согласат на одложувањето.

Дури и за време на американската граѓанска војна во 1864 година, изборите се одржаа според планот и Абрахам Линколн го освои вториот мандат.

Дали е можно да се заменат претседателските кандидати?

Во случај да се разгледа опцијата за замена на претседателските кандидати, и републиканските и демократските партии, доколку е потребно, имаат правила за тоа.

Во случајот на Републиканската партија, 186 членови на Националниот комитет на партијата би можеле да гласаат за избор на заменик на Трамп.

Комитетот може да свика национална конвенција со повеќе од 2.500 делегати за да избере нов кандидат, но поради краткиот рок, тоа веројатно не е изводливо.

Обично мнозинство би било потребно во обете сценарија.

Кај демократите, новиот кандидат би го одбрале близу 450 членови на Националниот комитет на партијата.

Ако кандидатот биде заменет, малку е веројатно дека неговото име ќе се најде на гласачкото ливче.

Причината за тоа е што тие се веќе отпечатени и повеќе од три милиони Американци веќе гласаа по пошта.

„Навистина нема доволно време за повторно штампање на гласачките ливчиња на кои ќе пишува Мајк Пенс или Камала Харис“, рече Капри Кафаро, осврнувајќи се на републиканските и демократските кандидати за потпретседател.

Слични содржини