Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги ја отфрла изјавата на портпаролот на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за висината на платата на претседателот на РКЕ Марко Бислимоски како неточна и лажна, реагираат од Регулаторна на пресот на портпаролот на опозициската партија.

„Платите се јавно објавени и се далеку пониски од предвидените пет просечни нето плати во секторот согласно законот за енергетика.
Доколку г-динот Арсовски не се извини за изнесените шпекулации, ќе следува приватна тужба. А парите ќе бидат донирани од оштетата“, додава тој.