
Се почести се обвинувањата од јавноста, како и од дел од политичките партии кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека оваа партија во повеќе наврати шири лажни вести и дезинформации. Последен во низата примери се наводите дека премиерот на земјава, Зоран Заев и неговото семејство поседуваат луксузна вила во Грција, кои што се лиферуваа изминатиов викенд.
Текстот првично беше преземен од бугарски медиум и експресно раширен по интернет портали во Македонија, кои важат за блиски до ВМРО-ДПМНЕ, за веднаш потоа тоа да го искористи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот „Live Chat“ со своите приврзаници и членови, Христијан Мицкоски
Владата синоќа демантираше дека Заев поседува имот во Грција, како и неговата партија СДСМ, но сепак тоа не ги спречи ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да ја експлоатираат оваа тема.
Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да преземаат цели операции за нарачка, создавање и пласирање на лажни вести. Од изборите во 2016 и лагите за „федерализација“ и „кантонизација“ преку таканаречената „Тиранска платформа“, преку тоа дека нема да станеме членка на НАТО ниту да започнеме преговори со ЕУ, па се до кризата со корона и лажните вести дека немало доволно тестови, немало доволно заштитна опрема, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на креирање на лажни вести и нивно натамошно експлоатирање.
За време на коронакризата одредени медиуми преку анализа на едноставен пример открија како функционира шемата на лажни вести на партијата на Мицкоски. Се чини дека и во последниот случај станува збор за таков разработен механизам се со цел да се оцрни политичкиот противник.
Во ситуација кога опозициската партија се соочува со изразени внатрешни поделби и проблеми, кога во Собранието речиси и дане слушаме конкретен предлог за добро на граѓаните и државата, очигледно е дека единствено што функционира во ВМРО-ДПМНЕ е системот на пласирање лажни вести и дезинформации.