Лошите страни на хороскопските знаци: Кој е манипулатор, кој не го контролира бесот

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

ОВЕН

1) Овенот има најексплозивен темперамент во Зодијакот и му е тешко да го контролира бесот.
2) Често се однесува незрело.
3) Лесно се возбудуваат кога ќе започнат нешто ново, но брзо губат интерес.
4) Тие се многу нетрпеливи – секогаш сакаат сè одеднаш.
5) Егоистични се и не знаат да се стават во туѓа кожа.

БИК

1) Во расправиите со нив не очекувајте победа затоа што тие се тврдоглави. Не попуштаат дури и ако грешат.
2) Многу се мрзливи кога станува збор за домашните работи.
3) Нивните желби и потреби секогаш им се на прво место.
4) Тие можат да бидат многу досадни.
5) Ретко зборуваат за своите чувства.

БЛИЗНАЦИ

1) Не можете да се потпрете на нив – тие се многу несигурни.
2) Секој ден треба да анализирате како се расположени за да знаете како да се поставите.
3) Шармираат со убави зборови, но ретко ги исполнуваат своите ветувања.
4) Сè брзо им е здосадува па затоа често може да се чувствувате како вишок.
5) Никогаш не завршуваат ништо до крај.

РАК

1) Нивните промени во расположението се неподносливи.
2) Знаат да кажат груби зборови и да избегнат вина.
3) Можат да станат зависни од вас, па ќе се чувствувате како да сте во затвор.
4) Тие брзо сакаат сериозна врска, брак и семејство, а и самите не се сигурни дали се подготвени за тоа.
5) Животот со нив може да ви биде монотон и предвидлив – ретко се согласуваат на нешто ново.

ЛАВ

1) Ретко ќе се чувствувате безбедно со нив затоа што сакаат да флертуваат каде и да одат.
2) Секогаш ќе се чувствувате како да не ве сакаат онолку колку што вие ги сакате и како постојано да се натпреварувате.
3) Ретко ќе признаат дека грешат, и ако признаат, и самите не веруваат во тоа.
4) Тие можат да бидат арогантни и нетактични.
5) Бидејќи мораат да бидат во центарот на вниманието, ќе се чувствувате како да сте во нивна сенка.

ДЕВИЦА

1) Претерува во анализирање и осудување на однесувањето на другите луѓе.
2) Секогаш очекува другиот да биде иницијатор.
3) Сака да се лути и по расправија се однесува како мало дете.
4) Тие често се несигурни и очекуваат да им дадете сигурност, дури и ако коренот на нивната несигурност не е во вас.
5) Ако не живеете според нивните правила, ќе ви држат лекци секој ден.

ВАГА

1) Вагите добро знаат што сакате да слушнете, па често се случува да не ви ја кажуваат вистината.
2) Сакаат игри, да казнуваат и наградуваат, а и да манипулираат со својот партнер.
3) Лесно можат да се свртат против вас ако ги повредите.
4) Често се суетни и оптоварени со изгледот и очекуваат да изгледате совршено.
5) Често се жалат и тешко е да ги слушате.

СКОРПИЈА

1) Неописливо се љубоморни и кога и да разговарате со некој од спротивниот пол тие ве гледаат попреку.
2) Со нив често нема да знаете како се чувствувате затоа што знаат да манипулираат со вашите емоции.
3) Знаат да ве игнорираат целосно и одеднаш да ве остават и заминат од вашиот живот.
4) Имаат многу тајни.
5) Дури и мали расправии со нив често избиваат во големи караници.

СТРЕЛЕЦ

1) Стрелците сакаат да зборуваат, но не знаат да слушаат.
2) Очекуваат другите да ги анимираат, и ако не се забавуваат, се жалат.
3) Стрелецот смета дека знае сè најдобро и не сака да прифаќа нови информации.
4) Може да биде директен и нечувствителен.
5) Сака да биде доминантен во врската.

ЈАРЕЦ

1) Работата им е секогаш пред партнерот.
2) Сакаат сè да биде под нивна контрола.
3) Честопати не можат да се опуштат и да бидат спонтани, што може да ја направи вашата врска здодевна.
4) Анализира и ја памти секоја ваша грешка и не ви заборава ништо.
5) Не можете да влијаете на нивниот став – останува само да се прилагодите.

ВОДОЛИЈА

1) Водолиите живеат во фантазијата, па затоа тие често дејствуваат дистанцирани и далечни.
2) Сакаат да „држат предавања“ затоа што секогаш знаат најдобро.
3) Ќе запознаете многу негови пријатели кои ќе бидат често околу него, па ќе се чувствувате како да не сте доволни за него.
4) Иако тврдат дека се либерални, со своите крути принципи ги осудуваат сите што не се како нив.
5) Секогаш знаат што мислат, а ретко што навистина чувствуваат.

РИБИ

1) Честопати треба да им повторите иста работа неколку пати.
2) Тешко е да ги поттикнете да започнат нешто и истото да го завршат во одредено време.
3) Често ќе се чини дека не се вклопувате во нивните животи, бидејќи тие постојано ќе прават нови планови за иднината.
4) Се жртвуваат себеси за доброто на другите, така што вие постојано имате чувство дека треба да се грижите за нив.
5) Ги идеализираат сите нивни односи со луѓето и имаат илјада очекувања од вас.